Други спортови
Знаеш ли како се станува шампион? Излегуваш на стаза држиш фулгас, Иџе објави видео како „лета“ на патеката во Швајцарија (ВИДЕО)
Летечкиот Македонец, Игор Стефановски продолжува со својот поход до шампионската титула во Европскиот шампионат на ридски патеки. Иџе изминатиов викенд беше најбрз на патеката Сент Урсан во Швајцарија. Иџе триумфираше и на двете трки во Швајцарија, на првата постави и нов рекорд на патеката. Тој на социјалните мрежи објави видео од возењето и навистина човекот „лета“ на патеката.
Иџе порача:Знаеш ли како се станува шампион? Излегуваш на стаза држиш фулгас