Фудбал
Зошто Барселона патувала со автобус до Хуеска, па поради пари?!
Барселона во саботата ја совлада Хуеска со 1:0 како гостин во рамките од 17.коло. Но, она што го привлече вниманието е тоа што играчите на каталонскиот тим патувале со автобус, нешто што одамна не се случило. Иако Хуеска не е баш премногу далеку од Барселона, сепак клубот патувал исклучиво со авион. Патувањето со Автобус сега траело три часа.
Хуеска е одалечена 300 километри, а играчите во неделата утрото добиле порака да дојдат на стадион и дека со автобус тргнуваат на ова гостување. „Мундо Депортиво“ пишува дека клубот донел таква одлука за да заштедат пари, бидејќи се во тешка финансиска ситуација. Поради тоа што патувале со автобус, а не со авион, Барселона заштедела околу 30 илјади евра.