Фудбал
Зошто Бензема игра со „бандажирана“ десна рака веќе три години (ВИДЕО)
Одличниот Французин игра со завој на десната рака од јануари 2019 година, кога на мечот против Бетис го скрши малиот прст, но не ја изврши операцијата. Во меѓувреме ниту Реал Мадрид не вршеше притисок врз Бензема бидејќи играњето со завој воопшто не му пречи на еден голем голгетер.
Во летото 2019 година се консултираше со специјалисти и доби зелено светло да игра со скршен прст.
Во последните две години се појави практично само една фотографија која покажува како изгледа десната рака на Бензема.
Токму во декември 2019 година францускиот ас беше фотографиран на одмор во Дубаи.
Како една од причините зошто Бензема преферира да игра со преврзан прст, се споменува и своевидно суеверие на првиот топџија на популарните Кралеви.