Connect with us

Други спортови

Зошто чекаше толку долго: Федерер дури сега стана „пријател“ на Ѓоковиќ

Легендарниот Швајцарец Роџер Федерер неодамна го одигра својот последен меч во професионалната кариера.

Федерер во пар со големиот ривал Рафаел Надал беше поразен на Лејвер купот во Лондон од американската двојка Џек Сок – Френсис Тиафо со 2:1 (4:6, 7:6, 11:9) и на тој начин ја заврши својата голема кариера. .

Славниот Швајцарец минатата недела најави дека настапот на Лејвер купот ќе му биде последен меч во кариерата, а се очекува на овој меч да има големи емоции кај сите присутни.

Тој им се заблагодари на сите со кои соработуваше, но интересно е што тој и Новак Ѓоковиќ станаа ’пријатели’ на Инстаграм дури откако му заврши кариерата.

Федерер конечно го заследи Ѓоковиќ, што веднаш беше забележано од нивните следбеници.

Јасно е дека Инстаграм не е приоритет во кариерата за овие двајца и дека се големи ривали на натпреварите и големи пријатели во животот.