Connect with us

Фудбал

Зошто Давид Алаба чека со објавувањето на името на новиот клуб?

Published

on

Шпанската Марка во понеделникот објави дека Давид Алаба договорил трансфер во Реал Мадрид.

Според нив, австрискиот фудбалер договорил четиригодишна соработка со кралскиот клуб во вредност од 11 милиони евра по сезона.

Сепак, неговиот татко вчера во изјава за Билд негираше дека е постигнат договор.

„Ништо не е договорено со Реал и сè уште не е потпишано. Сè уште има заинтересирани клубови, а Барселона е меѓу нив“, изјави таткото на Алаба за „Билд“.

Скај Спорт денес ги носи истите информации. Тие тврдат дека Алаба нема да донесе конечна одлука за новиот клуб се додека не завршат преговорите со Барселона.

Барса се очекува да добие нов претседател. Тоа треба да се случи во март, а потоа конечно би требало да го дознаеме името на новиот клуб за австрискиот фудбалер.

Алаба, да потсетиме, одби неколку понуди на Баерн по што управата на клубот реши да ја заврши целата приказна околу неговиот престој.

Advertisement

Facebook