Фудбал
Зошто Елиф Елмас не играше против Фросиноне? Тренерот Мацари по мечот: Го охрабрувам…
Наполи доживеа срамен пораз во Купот од Фросиноне со 0:4, а во тимот немаше неколку играчи како што со Виктор Осимен, Кварацхелија, Зиелински, како и Елиф Елмас. Според информациите од Италија, тренерот Мацари одлучил да ги одмора Осимен и Кварацхелија, додека Елмас и Зиелински не биле целосно фит и подготвени за овој меч.
Сепак, медиумите од Италија велат и нешто друго. Дека македонскиот фудбалер Елиф Елмас е многу блиску до потпис со германски Лајпциг. Имено, двата клуба биле во поодминати преговори и наводно Наполи ќе ја прифати понудата од 25 милиони евра за Елмас, па тој во јануари ќе се пресели во Будеслигата.
Прашан по мечот со Фросиноне за заминувањата, меѓу нив и Елмас, Мацари одговори.
– Ако некој сака да си замине после освоеното Скудето, јас го охрабрувам да го направи тоа. Останатото е во рацете на клубот, од таму ќе пристигне објаснување што ќе следи во блиска иднина, изјави Мацари.