Connect with us

Фудбал

Зошто фудбалерите на Милан на дресовите ги носеа моминските имиња на своите мајки?

Milan го декласираше Каљари со 5:1 на Сан Сиро во 36. коло од Серија А. Двоен стрелец за избраниците на тренерот Стефано Пиоли беше Кристијан Пулишиќ, кој погоди во 59. и 86. минута, додека Исмаел Бенасер во 35. Тијани додаде по еден Рајндерс во 74 и Рафаел Леао во 83 минута.

На две кола пред крајот на италијанското првенство, Милан има 74 бодови и го обезбеди второто место, со оглед на тоа што третопласираната Болоња заостанува седум бода. Натпреварот помеѓу Милан и Каљари немаше особено важен резултат, но привлече внимание поради акцијата што ја изведоа фудбалерите на Пиоли.

Фудбалерите на Милан на дресовите ги носеа моминските имиња на нивните мајки

Денот на мајката е денеска, 12 мај, а Милан го одбележа со тоа што играчите на дресовите наместо името и презимето ги носат моминските презимиња на нивните мајки.

Целта на иницијативата беше да се подигне свеста за правото на личен идентитет, што произлегува од пресудата на италијанскиот Уставен суд од април 2022 година, кој одлучи дека автоматското доделување на презимето на таткото е дискриминаторски. Од 1 јуни истата година и двајцата родители на детето мора да имаат право на избор на презиме.

„Играњето со презимињата на нашите мајки на дресовите е посебен начин да им оддадеме почит на неверојатните жени кои нè обликуваа и нè поддржуваа во текот на нашите животи. Тоа е важен гест што ја истакнува важноста на семејството и вееза кои нè движат на и надвор од теренот. Горд сум што ја претставувам мајка ми на овој уникатен и искрен начин“, рече Пулишиќ.

Advertisement