Фудбал
Зошто Германците играат уште овој викенд? „Работата е во финансиите, на крајот на денот …“
Одлуката за прекинување на фудбалските натпревари, која ќе биде потврдена во понеделник, беше донесена и во Германија.
Сепак, „суспензијата“ на фудбалот стапува на сила дури откако ќе се одиграат натпреварите закажани за овој викенд.
Така и Баерн утре ќе го одигра својот натпревар во 26. коло од Бундеслигата против Унион Берлин.
За сите што се прашуваат зошто Бундеслигата (но и пониските германски лиги) играат овој викенд среде хистеријата околу коронавирусот, првиот човек на Баерн, Карл-Хајнц Румениге понуди одговор.
Инаку, четири од топ 5-те европски лиги веќе ги прекинаа натпреварите – Серија А, Ла Лига, Лига 1 и Премиер лигата.
„Зошто има смисла да се игра утре? Работата е во финансиската природа на крајот на денот. Има значителна сума што треба да се наплати за ТВ-преноси. Доколку не се исплати, многу од помалите клубови би имале проблеми. Затоа, мислам дека е добро што се игра уште ова коло“, изјави Румениге.