Зошто Гризман носи дресови само со долги ракави?

Антоан Гризман вчера официјално стана нов фудбалер на Барселона во која пристигна од Атлетико Мадрид.

Барселона ја активира откупната клаузула на францускиот напаѓач и во своите редови го донесе за 120 милиони евра, а Гризман  утре ќе биде претставен на „Камп Ноу“ пред навивачите на „каталонскиот“ клуб.

-текстот продолжува по рекламата-

Сагата околу доаѓањето на Гризман во Барселона трае година дена, но на крајот успеа да потпише.

Она што на крајот сигурно можеме да го кажеме е дека Гризман ќе го гледаме во Барселона во дрес со долги ракавици. Имено, тоа е негова традиција, а сето тоа поради тоа што идол од детството му бил Дејвид Бекам.

Дејвид Бекам некогаш сакал да игра во дресови со долги ракави, а во негова чест Гризман такви носи веќе со години. Сигурно е дека истото ќе го продолжи и играјќи за Барселона.

„Носам дресови со долги ракави поради Бекам. Тој тоа го правеше и тој е мој идол. Беше господин на теренот, но и надвор од него и тоа најмногу ми се допаѓа“, рече Гризман во една прилика.