Фудбал
Зошто Кристијано Роналдо ги бакнуваше костобраните?!
Кристијано Роналдо се најде на клупата на натпреварот на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Барнли. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник сметаше дека Единсон Кавани може подобро да одговори на задачите, па Роналдо доби шанса да игра во 68. минута.
Интересна сцена се случи на клупата на Јунајтед непосредно пред да влезе во игра. КР ги бакнал костобраните пред да влезе во игра, а на фотографијата јасно се гледа дека на нив има негова слика, но и слика од семејството. Овој потег предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. Навивачите не можат да веруваат дека направил вакво нешто, но никој не е премногу изненаден.
Ronaldo kissing his shinpads and then realising they smell of Lynx Africa pic.twitter.com/NUjIdboaSx
— Project Football (@ProjectFootball) February 9, 2022
Сепак, веројатно го направил тоа бидејќи на нив има фотографии од деца, па има оправдување дека ги сакал нивните слики.