Фудбал
Зошто Вилшер нема да игра на Мундијалот?
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, го објави список од 23 играчи на кои ќе смета на Светското првенство.
Саутгејт успеа да ја објави листа за да ја сподели со јавноста на островот, а според многумина, најголемо изненадување е тоа што го нема играчот од средниот ред на Арсенал, Џек Вилшер. Наместо него, селекторот на Англија одлучи да му даде шанса на Фабијан Делф од Манчестер Сити.
Фановите на Англија веруваат дека Вилшер треба да има предност над играчите од Сити, бидејќи во последно време е во добра форма во дресот на Арсенал. Сепак, Саутгејт не го делеше истот мислење, а Вилшер, Мундијалот ќе го следи на малите екрани.
Англиските медиуми денеска објавија дека Саутгејт одлучил пред два месеца дека Вилшер нема да оди во Русија. Тоа беше на пријателските натпревари против Италија и Холандија, кои се одиграа во март. Саутгејт не беше задоволен од физичката кондиција на Вилшер и наводно тоа е најголемата причина што го остави надвор од листата.