Connect with us

Други спортови

Зверев славеше во Акапулко и стигна до 14-от трофеј во кариерата

Германскиот тенисер Александар Зверев славеше во финалето на турнирот од серијата АТП 500 во Акалуплац против Стефанос Циципас со 6:4, 7:6.

Зверев одигра одличен турнир во Мексико и стигна до 14. титула во кариерата.

И двата сета беа прилично возбудливи. Во првиот, Гркот имаше водство од 4:1 и четири брејк топки, но Зверев потоа направи одлична серија и стигна до пресвртница.

Во вториот сет Циципас ја одбрани брејк топката, но при 4:4 го загуби сервисот, но се врати со брејк на следниот гем. На крајот, Зверев го доби тај-брејкот.

“Отсекогаш сум велел дека ова е турнир кој сакам да го освојам во кариерата. Имам одлична врска со Мексико”, рече Зверев по освојувањето на трофејот.