Connect with us

Фудбал

„Ѕверот“ дебитираше за Барселона и тоа со асистенција за пресврт (ВИДЕО)

Адама Траоре, кој уште го нарекуваат „Ѕверот“ или „Најсилниот фудбалер“ секако поради неговите мускули и физичкиот изглед се најде од првата минута на теренот во дресот на Барселона. На мечот против Атлетико Мадрид, засега одигра одлично, а дури и запиша асистенција за пресврт, односно водство од 2:1 на Барса. Стрелец на голот беше Гави. Претходно Караско донесе предност на Атлетико Мадрид, а со прекрасен гол Жорди Алба израмни.