Connect with us

Фудбал

Ѕвезда на англиски тим подари 100.000 евра на украинската армија

Таткото и мајката на еден од најдобрите укарински фудбалери во изминатата деценија, а во моментов ѕвезда на англиски Вест Хем, Андриј Јармоленко, се блокирани во бомбардираниот град Чернигов од страна на русите. Тој е илјадници километри далеку, додека неговото семејство, пријатели, сонародници, неговата држава страда. Без да крева голема прашина, со одбивање да даде коментар на медиумите во Англија, Јермоленко уплатил 100.000 евра и ги испратил на украинската армија.

Тој не сакал ништо да коментира само рекол дека:

-Нашата сила како нација,  е во нашата слобода, порачал фудбалерот.