Тајмаут
Ѕвезда на Манчестер Јунајтед праќала чудни пораки на ќерката на Мурињо, а Португалецот се јавил на неговата мајка за да ја решат работата
Марсијал пристигна во Манчестер Јунајтед летото 2015 година кога имаше само 20 години. Францускиот напаѓач дојде од Монако за 60 милиони евра и од него се очекуваше многу на „Олд Трафорд“.
Сепак, јасно е дека не ги оправда очекувањата и како што стојат работите во зимскиот преоден рок, најверојатно ќе ги напушти „црвените ѓаволи“.
Марсијал имаше многу чудни фази во Јунајтед, особено кога тренер беше Жозе Мурињо. Во еден момент беше далеку од првиот тим, а не го криеше задоволството кога Португалецот доби отказ на крајот на 2018 година.
На многумина не им беше јасно зошто Мурињо немал симпатии кон францускиот напаѓач, кој потоа најголемиот дел од натпреварите ги следеше од клупата за резерви.
Сепак, неколку години подоцна се чини дека Мурињо конечно го даде одговорот на тоа прашање. Тој призна дека Марсијал и испратил фотографии на неговата ќерка Матилда, која исто така е родена во 1996 година, како и Французинот.
Jose Mourinho:
?"When I was in Manchester, Anthony Martial sent weird pictures to my daughter, I told his mother about it and it was settled." pic.twitter.com/SGzcMX21J0
— Players Sayings (@PlayersSayings) January 18, 2022
Сепак, очигледно е дека на португалскиот стручњак не му се допаднало тоа што играчот на Јунајтед се обидувал да ја заведе неговата ќерка и на крајот тоа навистина силно го погодило.
„Кога бев во Манчестер Јунајтед се сеќавам дека Ентони Марсијал и праќаше чудни и непримерни фотографии на ќерка ми. Се јавив на мајка му и и кажав што се случува и набрзо се беше решено“, изјави Мурињо.
Откако Мурињо замина во Јунајтед, пристигна Оле Гунар Солскјер, Марсијал имаше значително подобра минутажа, но не успеа да се докаже и сега е со една нога надвор од Олд Трафорд.