Connect with us

Тајмаут

Звезда: Пеле издржи!

Фудбалскиот клуб Црвена звезда му испрати порака на легендарниот бразилски фудбалер Пеле.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња неколку недели минува во болница поради тешка болест.

Пеле е на интензивна нега, а Звезда му се обрати со порака за поддршка на својот официјален Твитер профил, заедно со слика на легендарниот Бразилец со почесниот претседател на црвено-белиот тим Драган Џајиќ.

„Фудбалскиот клуб Црвена звезда ја испраќа својата најискрена поддршка до едно од најголемите фудбалски имиња во светот – Пеле. Се надеваме дека Пеле ќе се бори со болеста и ќе продолжи да победува како порано на теренот во славните фудбалски времиња.