Фудбал
Ѕвезда во Премиер лигата, а игра со костобрани за деца
Џек Грилиш е апсолутен јунак на секој навивач на Астон Вила. Го врати овој тим каде што им е местото, а тоа го направи со искинати копачки, поради што привлече огромно внимание.
Овој 25-годишен фудбалер продолжи да прикажува одлични партии во Премиер лигата, а неговата Астон Вила е изненадување во досегашниот тек бидејќи собра 25 бодови, седум помалку од лидерот Ливерпул.
Во меѓувреме ова момче стана стандарден репрезентативец на Англија. Но, стана и многу суеверен. Па, поради тоа носи костобрани за деца или најмалиот број за возрасни. Фудбалските чорапи ги спушта многу ниско и така го игра мечот.
Причината за ова ја објасни самиот тој:
-Еднаш ги испрат тие „штуцни“ и толку се собраа што не можев да ги кренам повисоко. Таа сезона навистина играв добро и тоа стана суеверие за мене. Некогаш судиите ме опоменуваат, но јас ќе продолжам да играм така, изјави Грилиш.
