Connect with us

Фудбал

Ѕвездата на Баерн има коронавирус

Еден од најважните играчи на Баерн Минхен – Томас Милер е заразен со коронавирус, соопштија од клубот.

Офанзивецот се чувствува добро и веќе се изолираше на домашен терен.

Во досегашниот дел од сезоната, Милер има 10 гола и 22 асистенции.

Се очекува да го пропушти претстојниот натпревар со Ајнтрахт Франкфурт на 26 февруари.

Ова е уште еден проблем за тренерот Џулијан Нагелсман, кој повеќе не може да се потпира на Леон Горецка и Алфонсо Дејвис. Добрата вест е што Мануел Нојер денеска ги продолжи тренинзите.