Connect with us

Фудбал

Ѕвездата на Баерн Минхен се опорави од коронавирус, но сега има проблеми со срцето

Баерн пред неколку дена потврди дека Алфонсо Дејвис бил позитивен на коронавирус претходно овој месец.

Дејвис веќе некое време не тренира со тимот, но се очекуваше да се приклучи на во наредните денови. Сепак, тоа сепак нема да се случи бидејќи се појавија нови проблеми.

Тренерот на клубот од Минхен, Нагелсман денеска потврди дека Дејвис се уште е надвор од тимот и има проблеми со срцето.

Баерн потврди дека на Дејвис му е дијагностицирано воспаление на срцевиот мускул, а одлучено е Канаѓанецот да не тренира некое време.

Лекарите на клубот од Минхен будно ја следат неговата состојба, а клубот не сака ништо да ризикува, а Дејвис доби и забрана за тренинзи во наредниот период.

Канаѓанецот го преболи коронавирусот, но деталните прегледи пред почетокот на тренажниот процес утврдија дека има проблеми со срцето.

Реклама

Facebook

Реклама