Connect with us

Тајмаут

Ѕвездата на Барселона го поддржа Ѓоковиќ

Една од ѕвездите на кошаркарскиот тим на Барселона, Никола Миротиќ со објава на социјалните мрежи му даде поддршка на Новак Ѓоковиќ.

„Во деновите кога небото се спушта на земјата и земјата се издигнува на небото, драг Новак Ѓоковиќ, сакам да бидеш упорен во се што правиш и во се што си. Најмрачно е пред зори и најтешко пред зори. Зората на слободата. Ви посакувам здравје, мир и среќа во семејството. И нека светлината на Христовото раѓање ги осветли сите оние умови кои живеат во темнина. Мир Божји, Христос се роди!“, напиша ѕвездата на Барса на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Mirotic (@nikolamirotic33)

Двајцата спортисти се сретнаа неодамна кога Барселона гостуваше во Белград за да се соочи со Црвена звезда. Ѓоковиќ во првиот ред доби заслужен аплауз како голема ѕвезда на српскиот спорт. Миротиќ отишол да го поздрави пред средбата.