Connect with us

Фудбал

Ѕвездата на Интер објави фотографија од запуштено Ламборгини, па испрати јасна порака

Алексис Санчез откако дојде на „Џузепе Меаца“ во 2019-та година, не успеа да се избори за стартна постава во нападот. Пред него имаат предност Лукаку и Мартинез, а сега Џеко и Мартинез, па дури и Кореа кој дојде од Лацио. На мечот со Сасуоло, Санчез воопшто не влезе во игра, а по мечот на социјалните мрежи објави фотографија од запуштено Ламборгини, па се чини дека испрати јасна порака.

-Можете да вредите многу, но ако сте на погрешно место, нема да засјаете, напиша Санчез.