Фудбал
Ѕвездата на Јувентус се огласи: Разочаран сум!
Се чини дека односите помеѓу Јувентус и Паоло Дибала не се баш на највисоко ниво. Тоа секако се одразува и на теренот, па Аргентинецот сезонава не ги покажува комплетно неговите квалитети. Иако во медиумите се шпекулираше дека се преговара за нов договор, сепак Дибала вели дека неговиот менаџер, иако неколку пати бил во Торино, ниту еднаш не бил повикан на разговор.
–Мојот агент долго време престојуваше во Торино, но ниту еднаш не е повикан од клубот. Разочаран сум што слушам дека во клубот се инвестираат значајни финансиски средства. Подобро би било да се каже вистината бидејќи вака ги извртуваат работите и ќе ги срвтат и навивачите против мене, изјави фудбалерот.
Сепак, првиот човек на клубот, Ањели не вели така. Тој има сосема поинаква верзија и вели дека неодамна на Дибала му испратиле понуда која ќе го направи еден од 20-те најплатени фудбалери во светот. Како што вели Ањели чекаат одговор од Аргентинецот.