Фудбал
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед со неговата изјава предизвика бура на реакции
Ливерпул се бори за титула, а ние не се бориме за ништо, тоа е разликата. Ова е изјавата на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш со која предизвика бура на реакции пред се кај своите навивачи. Тој ова го порача по синоќешното дерби во кое Јунајтед беше поразен од Ливерпул со 4:0.
Некои сметаат дека Бурно Фернандеш не смеел да даде ваква изјава бидејќи пред се фудбалерите кои го носат тој дрес се борат за Манчестер јунајтед, за гордоста на клубот, за навивачите, и секогаш, без разлика на се мора да го даваат максиумот. Што се однесува до пласманот, тие се борат за топ 4, за пласман во Лигата на шампионите, па и тоа не е мала работа.
Bruno Fernandes says Manchester United have nothing to fight for. pic.twitter.com/1r9jjT1HZN
— ESPN FC (@ESPNFC) April 19, 2022