Тајмаут
Ѕвездата на НБА се збогуваше со Мустафа Надаревиќ
Познатиот актер Мустафа Надаревиќ почина денес на 77-годишна возраст.
Многу познати личности се збогуваат со актерската легенда, а меѓу нив е и НБА ѕвездата Горан Драгиќ.
„РИП Изет“, напиша Драгиќ на Твитер, алудирајќи на добро познатата улога на Надаревиќ во серијата „Луд, збунет, нормален“.
R.I.P Izet ? https://t.co/AH3RMgcQFs
— Goran Dragić (@Goran_Dragic) November 22, 2020
Надаревиќ е роден во 1943 година во Бања Лука, а поголемиот дел од животот го помина во Загреб. Тој боледувал од рак на белите дробови.