Connect with us

Фудбал

Ѕвездата на Реал Мадрид, Белингам нема да игра во Скопје против Македонија?!

Фудбалерот на Реал Мадрид Џуд Белингам е под знак прашалник за настап во дресот на Англија на претстојниот квалификациски меч кој ќе го играат против Македонија. Мечот се игра за девет дена, а неговата повреда на рамото се чини дека е посериозна отколку што се мислеше.

-По извршените тестови денеска кај нашиот играч Џуд Белингем, констатирана е предна нестабилност на левото рамо, последица на неговата неодамнешна дислокација. Белингем е во аут за денешниот натпревар против Валенсија, се вели во соопштението на Реал Мадрид. 

Засега не е познато колку ќе паузира Белингам, но шпекулациите се најмалку две недели. Македонија ја пречекува Англија на 20-ти ноември во Скопје, односно за девет дена, па играњето на Белингам на овој меч е под голем знак прашалник. Претходно поради повреда отпадна и Медисон.