Фудбал
Ѕвезди на ПСЖ се тепале, Ал Келаифи на вработен во Реал му се заканил дека ќе го убие, УЕФА бара снимки од соблекувалните
Во ПСЖ тешко го поднесоа поразот и елиминацијата од Реал Мадрид, а веруваат дека делумно ги уништил судијата, па првиот човек на клубот Насер Ал-Хелаифи со спортскиот директор Леонардо по натпреварот отишле во соблекувалните да се пресметаат со судиите.
По многу бура и дискусија, обезбедувањето ги запрело, а се појавија шокантни детали од „третото полувреме“.
Ал-Хелаифи наводно му се заканил со смрт на еден од вработените во Реал, викајќи му: „Ќе те убијам, ќе те убијам“, додека се обидувал да сними се со својот мобилен телефон.
Ал-Хелаифи бил смирен од неговите телохранители. Леонардо, подеднакво нервозен, интервенирал и побарал да се избришат работите снимени во соблекувалната.
Холандскиот судија Дени Макелие во својот извештај напиша за арогантното и агресивно однесување на сопственикот и спортскиот директор на ПСЖ, а според „Мундо Депортиво“, на Ал-Хелаифи му се заканува суспензија поради „навредливи зборови“.
Покрај тоа, ПСЖ би можел да се соочи со тешка казна. Според „Мундо Депортиво“, УЕФА побарала од Реал Мадрид евентуална снимка од соблекувалните како доказ во овој случај.
Со оглед на тоа што наводно дошло до тепачка помеѓу Нејмар и Донарума во соблекувалната на ПСЖ, се чини дека имало бурна ноќ во ПСЖ и ќе остави трага во тимот кој најмногу сакал да ја освои Лигата на шампионите.
ПСЖ се уште се бори за титулата во лигата, но таму е без конкуренција и тешко дека некој ќе ги спречи до крај, но тие трофеи во Франција веќе станаа нормална работа за овој тим. Лигата на шампионите е она што отсекогаш се очекувало…