Connect with us

SPORTM.mk

Звучи неверојатно, но екс играч на ПСЖ тврди: Меси, Гвардиола и Роналдо во ист тим?!

Бројни шпекулации се појавија откако стана јасно дека Лионел Меси побарал раскин на договорот со Барселона. Како најсериозни кандидати за негов потпис се спомнуваат Манчестер Сити, каде во моментов се двајца добри пријатели на Меси, Пеп Гвардиола и Серхио Агуеро, но и Интер кој одамна се обидува да го ангажира Аргентинецот.

Сепак, поранепниот фудбалер на ПСЖ, Францис Панкарт, кој играше за овој тим од 2005 до 2009, тврди дека следната сезона Лионел Меси, Пеп Гвардиола и Кристијано Роналдо ќе бидат во ист тим, во францускиот првак.

-Ви кажувам, Меси ќе дојде во ПСЖ. Потоа следната сезона ќе му се приклучат Пеп Гвардиола и Кристијано Роналдо, вели Панкарт за Л’Екип.

Не се знае врз основа на што ги темели овие тврдења и дали ПСЖ претходно со продажба на Мбапе (Реал Мадрид) и Нејмар (Барселона) би собрал пари за Меси и Роналдо, поточно за нивната плата, бидејќи од 2021 година и двајцата се слободни играчи.

loading...

Но, познато е дека ПСЖ има пари кои ги “фрла” за нивните желби, а доказ за тоа се Нејмар и Мбапе кои се во топ 5 најскапи трансфери во историјата на фудбалот.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com