Фудбал
100 европски гола за Кристијано Роналдо во дресот на Реал Мадрид
Двата гола на Кристијано Роналдо против АПОЕЛ вредеа многу повеќе отколку само заверка на победата против кипарскиот тим.
Благодарение на тие два гола, Кристијано Роналдо дојде до 100 гола за Реал Мадрид во европските натпреварувања.
98 од погодоците се во Лигата на шампионите, преостанатите два се во Суперкупот на Европа.
Роналдо постигнува голови во сите пет кола оваа сезона во Лигата на шампионите, доколку реализира и на следниот меч ќе го израмни рекордот на Бурак Јилмаз од сезоната 2012-2013 кој е единствениот играч кој постигнал на шест последователни меча во елитното натпреварување.
По пет, исто како и Роналдо имаат Дел Пјеро во дресот на Јувентус во сезоната 95-96 и Ребров со Динамо Киев во 97-98.