Connect with us

Други спортови

15-годишниот Цветковски урна пет години стар државен рекорд

Младиот македонски пливач Стефан Цветковски одлично напредува во својата кариера. Неговиот последен успех е поставување на нов државен рекорд во категоријата кадети, во дисциплината 50 метри „делфин“.

Тој има време од 26,02 секунди, со што го урна рекордот поставен пред пет години од Иван Симоновски. Стефан Цветковски е член на пливачкиит клуб „Скопје“, а последното негово големо остварување го направи на Меѓународниот турнир „Гран при Зрењанин“, од каде се врати со две сребрени медали.