Тајмаут
Ногата на Меси вреди 750 милиони евра, палецот на Алонсо 11 милиони, спортисти кои осигурале делови од своето тело
На овој потег се одлучиле за да имаат некаква сигурност доколку во нивната кариера се случат некои непредвидени околности.
Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси има најспектакуларно осигурување. Левата нога му е осигурана на нереални 750 милиони евра.
Аргентинецот е далеку пред сите во оваа категорија, а зад него е славниот англиски фудбалер Дејвид Бекам.
Легендарниот играч за врска ги осигурал лицето и нозете и осигурувањето е вредно 177 милиони евра.
Нозете ги осигураа и Кристијано Роналдо и Герет Бејл. Португалецот е осигуран на 103, а Велшанецот на 100 милиони евра.
Од другите спортови, Венус Вилијамс ги осигура зглобовите на 15 милиони долари, Фернандо Алонсо палецот на 11 милиони долари.
Најинтересен е секако австралискиот крикет играч Мерв Хјуз, кој си ги осигурал мустаќите за 200.000 фунти.
Ова е список од 10 спортисти кои решиле да си ги обезбедат посебните делови од телото.
