Ракомет
Еурофарм Пелистер му врачи отказ на Јовиќ, Шундовски се повлекол од морални причини!
РК Еурофарм Пелистер соопшти дека досегашниот тим менаџер на екипата Звонко Шундовски од морални причини се повлекува од клупата на клубот. Воедно раководството на тимот одлучи да го разреши од прв тренер на екипата Александар Јовиќ.
Во наредните натпревари до донесување на конечна одлука околу изборот на тренер, екипата ќе ја води Бранко Ангеловски.
Во соопштението на тимот се вели: Во оваа прилика РК Еурофарм Пелистер упатува огромна благодарност до г-дин Звонко Шундовски и г-дин Александар Јовиќ за целиот нивен досегашен допринос за клубот. Под водство на Јовиќ и Шундовски нашиот клуб ја освои титулата во сезоната 2022/23.