Connect with us

Фудбал

Алонсо кажа зошто ги одбил Ливерпул и Баерн Минхен!

Младиот шпански стручњак Чаби Алонсо конечно проговори за одбивањето на понудите од Ливерпул и Баерн Минхен и ги објасни своите причини. Чаби Алонсо сезонава ги руши сите рекорди со Леверкузен и е на прагот на првата шампионска титула во историјата.

Сепак, иако се очекуваше да го напушти клубот по историскиот успех, тој реши да остане барем уште една сезона во клубот. Понуди за најбараниот тренер на денешницата пристигнаа од сите страни, а најсериозни кандидати беа Баерн Минхен кој на клупата го менува Томас Тухел и Ливерпул кој по осум години се разделува со Јирген Клоп.

Во двата од овие клуба, Чаби Алонсо играше во текот на кариерата, па кој било од двата правци би изгледал логично, но младиот шпански стручњак донесе изненадувачка одлука и одби да го напушти клубот. Сега конечно ја објасни својата одлука.

“Имаше многу причини да ја донесам одлуката. По една година, градиме тим и голем дух овде. Имаше многу причини да останам и толку многу играчи со кои сум задоволен. Сезоната досега беше одлична и дефинитивно сакаме да продолжиме да ја правиме приказната заедно“, рече тој и додава:

„Се чувствувам дел од тоа. По една година не изгледаше како да е време да си заминам и затоа се уште сум посветен на работата“.

Алонсо го најави и четвртфиналниот натпревар од Европската лига против Вест Хем. Тој рече дека неговиот тим не е „непобедлив“, но ќе се обиде да го задржи така.