Фудбал
3-ти јуни решавачки датум дали Победа ќе остане во првата лига
После изиграната последна утакмица во Струмица, Победа опстануваме во првата лига со играње на бараж, за кој што е веќе најавено дека ќе биде на 3-ти јуни во Струмица. Од клубот велат дека теренот во Струмиица им бил познат, публиката позитивна и енергијата таму била попозитивна за разлика од други места и се надеваат дека плодот ќе се произнесе и Победа ќе опстане во првата лига, онаму каде што ѝ е и местото.
„Меѓутоа сепак е клучна утакмица од клучна позиција за нашата екипа и јас искрено посакувам да го дадат максумумот од своја страна нашите играчи и тимот во кој што јас неизмерно верувам, сè со цел да опстаниме. Зошто е клучен опстанокот? За прв пат во историјата на нашиот клуб Победа ќе имаме соодветен буџет, буџет за Европа. Тој буџет ќе ни даде можност да се преструктуираме, да поставиме нов систем, нова постава, да земеме нови играчи и овој пат нема да биде изборот од страна на еден човек, ќе одредиме комисија која ќе биде задолжена за избор на новите засилувања и опстојување на постоечките. Самиот буџет и новата организациона структура е потврда дека конечно ќе направиме тим, соодветен и достоен за Европа, тим достоен за фудбалската нација во нашиот град и тим кој што ќе ни овозможи можеби конечно во недела да можеме да дојдиме и да уживаме на нашиот стадион и да уживаме во убавата игра. Оваа прилика исто така ја користам да ја повикам цела прилепска јавност, самоиницијативно да го поддржи нашиот тим, да ја поддржи Победа на тој ден, на таа утакмица во Струмица и покрај тоа што сигурно ќе имаме организирано автобуси за навивачите. Меѓутоа зборувам за сите љубители на фудбалот несебично да дадат максимум од своја страна, па дури и позитивна енергија од своја страна, затоа што стварно ни треба за да си ја оствариме целта“, истакна Ирена Јакимоска, в.д. претседател на Победа.