Connect with us

Тајмаут

46 лица повредени во насилните протести во Барселона додека се играше „Ел Класико“

Најмалку 46 лица се повредени за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во близина на стадионот „Камп Ноу“ додека се одвиваше „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид во средата вечер.

Автономната полиција на Каталонија, Мосос, се судри со демонстрантите кои запалија контејнери на улиците на Барселона.

Како резултат, најмалку 46 лица биле полесно повредени, пренесуваат шпанските медиуми.

Еден снимател е повреден откако бил погоден од гумен куршум додека го снимал протестот.

Каталонија се соочува со граѓански немири последниве месеци, бидејќи Шпанија воведе остри затворски казни на лидерите на Каталонија, кои еднострано прогласија независност.