Connect with us

Фудбал

Мурињо ја откри тајната на изненадувачкиот транфер на Матиќ во Јунајтед

Жозе Мурињо откри неколку тајни од летниот преоден рок, имено, потписот на Немања Матиќ. Јувентус долго време беше заинтересиран за поранешниот српски интернационалец, но Манчестер Јунајтед ја доби битката.

“Бев многу изненаден кога добив повик од неговиот агент, тој ме контактираше да ме праша дали го сакам Немања”, објасни Мурињо за Sky Sports UK.

“Тој е адвокат што добро го познавам, обично е многу директен и не се обидува да вклучува голем број клубови  за зголемување на платата на неговите играчи. Кога ми кажа „твој е Немања ако го сакаш“, без двоумење договор „Секако“. “