Connect with us

Фудбал

68 часа фудбал, а резултат? 399:369

Пред неколку денови во Франција е поставен светски рекорд за најдолг фудбалски натпревар, кој траеше неверојатно 68 часа. На натпреварот кој го организираше фудбалската академија на Лион, учествуваа 807 натпреварувачи од 60 различни земји.

Конечниот резултат на натпреварот беше 399:369, а беше срушен уште еден рекорд во број на натпреварувачи, откако тој претходно гласеше 677.

Натпреварот се организираше со цел помогнување на еднаквоста помеѓу мажите и жените, но и будење на свеста за статусот на женскиот фудбал кога се во прашање платите на фудбалерките во споредба со своите машки колеги.

https://twitter.com/OL/status/1146832795550900224

Извор: Дриблинг