Connect with us

Фудбал

Барселона и Реал Мадрид во „војна“ за дефанзивец од Италија

Барселона и Реал Мадрид влегуваат во „војна“ за потписот на дефанзивецот на Интер Милан Шкриниар.

Според шпанските медиуми, Каталонците во Словакот гледаат наследник на Пике, а тој не е единствениот играч на Интер кој Барселона сака да го ангажира. Тука е и Лутаро Мартинез.

Реал Мадрид исто така подолго време ги следи неговите настапи, а за конечен трансфер со сите сили ќе тргне во јуни.

24-годишниот Словак во Интер дојде од Сампдорија во 2017 година, за неполни 15 милиони евра. Две сезони по ред е еден од најдобрите дефанзивци во Серие А.

Според медиумите Барселона или Реал Мадрид е мора да платат не помалку од 80 милиони евра доколку сакаат да го видат во своите редови.