Фудбал
ФОТО: Јувентус, Џенова, Наполи…Ова се клубовите чии трансфери се сомнителни и полицијата ги истражува
Финансиската полиција деновиве врши истрага во Италија околу сомнителни трансфери и трансакциски сметки. Според италијанските медиуми предмет на истрага се вкупно 18 клубови, а меѓу најпознатите се Јувентус, Наполи, Џенова, потоа тука се и членовите на Серие А, Сампдорија и Емполи.
Од странските клубови на листата се Барселона, Манчестер Сити, Лугано, Марсејл, Базел, Лил…Наводно италијанските клубови со овие тимови имале трансфер соработка со продажба и купување, а трансакциите биле сомнителни.

Според италијанските медиуми, доколку се утврди вина, казната може да биде парична, одземање бодови, но и исфрлање во Серие Б на тимовите од најдобрата италијанска лига.