Connect with us

Фудбал

Погба во притвор

Аферата меѓу браќата Погба зовре.

 

Светските медиуми пишуваат дека Матијас Погба, братот на ѕвездата на Јувентус, Пол Погба, е приведен поради уцена на сопствениот брат.

 

Не е познато колку долго ќе остане во притвор по шокантното однесување кон својот брат.

Матијас се најде во центарот на вниманието на крајот на август кога од Пол побара 13 милиони евра, поточно го уценуваше сопствениот брат заедно со пријателите.

 

Првите закани и уцени се случија во март во Париз, по што имаше многу немири во односите меѓу Матијас и Пол Погба.

Матијас Погба го шокираше фудбалскиот свет и со видеото кое го објави на Инстаграм на кое зборува за тоа колку е лош брат му, тоа беше капката што ја прели чашата, а сега изгледа се прават посериозни потези.

 

Притворот на Матијас беше можеби и очекуван бидејќи адвокатскиот тим на Пол Погба беше веднаш ангажиран по првите уцени, но ќе видиме понатамошен развој на настаните околу целата ситуација, која го потресе фудбалскиот свет, со оглед на тоа што претходно Матијас и Пол Погба имаа многу добри братски односи.

 

Претходно се шпекулираше дека во тој тим покрај Матијас има уште неколку луѓе кои се обидуваат да изнудат пари од Погба, а наводно се пријатели на францускиот играч со кој пораснал. Сепак, само Матијас моментално е во притвор.

 

Пол моментално се опоравува од повредата, а покрај овие проблеми мора да размислува и за проблемите кои ги предизвикува неговиот брат.

 

До крајот на годината оваа приказна треба да добие многу појасна позадина, но и повеќе детали за самиот случај, кој одекна во светските медиуми на крајот од ова лето.

 

advanced-floating-content-close-btn