Connect with us

Фудбал

Батшуаи е резервна опција

Доколку не успеат во намерата да ги осигураат услугите на полскиот интернационалец од редовите на Џенова, Крижштоф Пиатек, раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан своето внимание ќе го насочат кон белгискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Мичу Батшуаи.

Батшуаи првиот дел од сезоната го одигра како позајмен играч во дресот на Валенсија, но шпанскиот клуб ја прекина позајмицата со образложение дека е незадоволен од ефикасноста на поранешниот фудбалер на Марсеј.