Фудбал
Во игра е и Санабрија
Името на стандардниот првотимец во дресот на шпанскиот прволигаш Бетис од Севилја, Антонио Санабрија, е последното кое се поврзува со лондонскиот премиерлигаш Тотенхем.

Раководните лица на популарните “петли” се во потрага по играч кој ќе го анулира отсуството на капитенот Хари Кејн, кој поради незгодната повреда на скочниот зглоб мора да паузира до крајот на март.
Најавениот трансфер на Санабрија може да биде реализиран за време на зимскиот преоден рок но официјалната понуда за неговите услуги не смее да биде помала од 30 мил. евра.