Фудбал
Твојата баба е курва!
Францускиот гигант Монако ги преживува најтешките моменти во последната декада, а не може да му помогне нити легендарниот Тјери Анри, кој е тренер, ниту пак најзвучната зимска аквизиција, Сеск Фабрегас.

Иако последниот првенствен натпревар го играше на домашен терен, четата на Анри со срамни 5:1 беше поразена од екипата на Стразбур и остана на претпоследната позиција на табелата со само 15 освоени бода.
Легендарниот репрезентативец на Франција ги загуби нервите во финишот од натпреварот кога го навреди противничкиот играч, со зборовите дека неговата баба била курва.
Откако сфати дека направил катастрофална грешка, Анри, јавно му се извини на фудбалерот и на целата француска јавност.
- Тоа е уличен речник. Многу ми е жал, направив голема грешка. Сите луѓе грешат. Кога нешто такво ќе кажам на англиски јазик, тогаш не привлекувам големо внимание. Нормално дека се шегувам, не смеев такво нешто да си дозволам, изјави Анри.