Фудбал
Вега противкандидат на Инфантино на изборот за претседател на ФИФА
Швајцарецот Рамон Вега ќе биде противкандидат на првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино на следните избори.
За да влезе во трката за претседателското место на Вега му е потребна поддршка од само само пет федерации.
Поранешниот фудбалер Грасхоперс, Каљари, Тотенхем, Селтик и Вотфорд е многу блиску до собирање на целосната документација за официјализирање на кандидатурата. Рокот е до 5 февруари.
– Поддршката од пет федерации не е проблем. Патував низ целиот свет, се сретнав со многу луѓе од фудбалот и политиката, а многу од нив ми дадоа поддршка бидејќи гледаат позитивно дека постои алтернатива, изјави Вега.
Претседателските избори на ФИФА ќе се одржат на 5 јуни во Париз.