Connect with us

Фудбал

Марек Хамшик го напушти Наполи за богата понуда од Кина

Словачкиот репрезентативец, Марек Хамшик по 12 години го напушти Наполи и Европа. Офанзивниот плејмејкер ја прифати понудата од кинескиот прволигаш Далијан Јифанг.

Хамшик се согласил на тригодишен договор според кој ќе заработува по 9.5 милиони евра по сезона додека „наполитанците“ од продажбата на Хамшик ќе инкасираат околу 15 милиони евра. Хамшик за Наполи одигра вкупно 520 натпревари постигна 121 гол и 111 асситенции.

Според претседателот на Наполи, Де Лаурентис офанзивниот плеј прифатил дека нема повеќе сили да се бори со Фабијан Луиз за првотимскиот статус но и висината на платата од Кина дополнително влијаела по неговата одлука.