Connect with us

Фудбал

Спировски и Тричковски отпаднаа за средбите со Летонија и Словенија

На стартот на новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2020, македонската фудбалска репрезентација остана без услугите на Стефан Спировски и Иван Тричковски.

Спировски и Тричковски и претходно беа повредени, но беа на списокот за овие два натпревари, а претходно поради повреда откажа Аријан Адеми.

„За жал ќе ги немаме на располагање Тричковски и Спировски. Им посакувам побрзо да се опорават. Нема да бидат повикани нови играчи, ќе играме со она што го имаме. Доколку се случи некој да се повреди на првата средба, тогаш ќе повикаме друг играч“, изјави на првиот собир денеска селекторот Ангеловски.

На собирот го немаше само голманот Столе Димитриевски кој ќе стигне во Скопје доцна вечерва.