Connect with us

Фудбал

Трагедија во Турција: Загина репрезентативец на Чешка, пола тим на Аланија тешко повреден

Голема трагедија во Турција откако минибус кој ги превезувал фудбалерите на турскиот прволигаш Аланија синоќа излетал од патот, а смртно настрадал репрезентативецот на Чешка, Жозеф Шурал.

Аланија синоќа играше против Казјери (1-1), по што тренерот има дал два слободни дена. Седумина фудбалерит, Стивен Колкер, Папис Сисе, Баиано, Џалма, Ајзак Секи, Велинтон и несреќниот Шурал одлучиче да изнајмат комбе и да се врат во 570 километри одалечената Аланија.

Тие изајмиле комбе со двајца шофери и заминале на пат Анталија – Аланија, но на пет километри од центарот на градо излетале. Сите седум фудбалери се повредени и однесене во болница, но за Шурал немало спас иако му биле направени итни операции.