Фудбал
Баерн потврди: Хамес повеќе не е член на Баварците
Од управата на Баерн Минхен потврдија дека Хамес Родригез ќе го напушти клубот во текот на ова лето.
„Одлуката беше донесена затоа што Хамес ми пријде кон крајот на сезоната и ме побара да не го откупуваме. Против неговата волја немаше да има смисол. Не би требало да се обврзувате за играч да платите 42 милиони евра ако не можете да му понудите почетно место во екипата“, изјави Карл Хајнц Румениге и додаде:
„Желбата на Родригез беше да биде стартер, но тоа тука не беше загарантирано и јас лично жалам за тоа“, изјави Румениге.
На прашањето дали Баерн би можеле да ја искористат опцијата, да платат 42 милиони евра за Хамес Родригез, а потоа да го продадат за повеќе, Румениге изјави: „Тоа не би било фер кон Реал Мадрид и тоа не е стилот на Баерн. Ние не се занимаваме со трговија“.
Извор: Точка