Фудбал
Полската репрезентација ќе игра со еден напаѓач?
Според некои информации од полските медиуми, Полјаците на утрешниот фудбалски натпревар против Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година ќе играат со само еден истурен напаѓач, Роберт Левандовски, што значи дека Аркадиуш Милик и Криштоф Пјонтек би можеле да бидат на клупата.
Тоа не е баш за верување бидејќи на првите два меча Полјаците играа во формација 4-4-2, што значи дека покрај Левандовски во нападот ќе биде и Пјотр Зјелински.
На голот на местото на повредениот Војчех Шчешни ќе биде Лукаш Фабијански. Селекторот на Полска, Јиржи Брзчек, на мечот со Македонија би можел да го изведе овој состав (според полски медиуми): Лукаш Фабијански – Бартош Бережински, Камил Глик (Мукал Паздан), Јан Беднарек, Мациј Рибус – Матеуш Клич, Грегорж Кричовијак – Пржмислав Франковски, Пјотр Зјелински, Камил Гросицки – Роберт Левандовски. Л.Д.
ЛАСТЕ ДИМИТРИЕВСКИ