Фудбал
Уапсени 200 хулигани пред мечот меѓу Македонија и Полска
Натпреварот од квалификациите за Европско првенство во Скопје предизвика низа од проблеми кои ги прават навивачите од Полска кои се во Скопје за да ја добрат нивната репрезентација.
Полските хулигани вчера направија скандал на плоштадот „Македонија“, а денеска во Градскиот пат масовна тепачка. Полицијата веднаш интервенирала и според првите информации, во притвор се наоѓаат 180 полски хулигани, кои се степаа на два часа пред почетокот на натпреварот меѓу Македонија и Полска.
Се очекува многубројна публика на стадионот, а полицијата презема мерки за да се спречи дополнителен хаос и нереди од страна на хулиганите.