Фудбал
ВИДЕО: Македонија загуби дома, Полска со три бода се одјавува од Скопје
Имавме одличен старт во првото полувреме, интересен фудбал, многу шанси за гол, но ниту една не реализиравме. Елиф Елмас уште во 5. минута од натпреварот имаше одлична можност за водство на Македонија со шут од 25 метри, но не успеа да постигне гол.
Во текот на средината од првото полувреме се играше на средината од теренот, без големи шанси кај двете екипи за постигнување на гол.
До полувреме Македонија може да кажеме дека играше одлично, со огледн на тоа што следуваше во второто полувреме. Имаше и шанси, меѓутоа немаше голови. Полска, пак, се гледаше дека ја форсираше играта по нафрлени топки, и преку Левандовски.
Второто полувреме за нас започна лошо, по само 80 секунди игра после една голема мешаница на голот и исфрлена топка од страна на Алиоски, нововлезениот Пјонтек успеа да донесе водство за Полска.
Одлична шанса Македонија имаше и во 75. минута од натпреварот кога Несторовски шутираше од 20 метри, но Фабијански интервенираше со парада.
Веднаш по ова селекторот Игор Ангеловски ја смени формацијата со влегувањето на Аријан Адеми место Ристовски и продолживме да играме со 4-3-3.
10 минути подоцна Македонија остана и со играч помалку, црвен картон за Висар Муслиу, откако доби втор жолт.
Среќен триумф на полјаците на Арената „Тодор Проески“ вечерва.
ФОТО: Пијани…камен – полските навивачи заспаа на сред натпревар во Скопје